Vrabotuvanje.com - Собар/ка – Хигиеничар/ка - Маврово - Ресорт Маврово
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Собар/ка – Хигиеничар/ка

Маврово

Rok prijave:

  • Ресорт Маврово

 

Ресорт Маврово е најпопуларниот македонски скијачки центар со повеќедецениска традиција во давање на врвно искуство и услуга на сите посетители кои се љубители на зимските и планинските спортови, како и на сите оние кои  уживаат во прекрасната природа на Националниот Парк Маврово.

Ресорт Маврово е препознатлив бренд со голема популарност кај туристи од регионот на Балканот, како и од Европа.

Ресорт Маврово ги опфаќа следните капацитети;  Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Смрча, Хотел Lodge и Ски центарот и Спортскиот центар.

Нашиот персонал е нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга заради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како пријатели.

Подготвувајќи се за претстојната зимска сезона го прошируваме нашиот тим на повеќе работни позиции:

СОБАР/КА - ХИГИЕНИЧАР/КА

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Работен ангажман е од сезонски карактер за период од 01.12.2024. до 31.03.2025. година.

 

Доколку :

  • Те исполнува давање на врвна услуга на клиенти,
  • Лојален си и чесен,
  • Проактивен, вреден и енергичен,
  • Одговорен и посветен кон работата,
  • Вешт комуникатор,
  • Тимски играч,

Имаш решение за секој предизвик и имаш целта ти е да се развиваш и усовршуваш,

А ја сакаш и почитуваш природата,

Тогаш ти си идеалниот кандидат за нас!

Ќе ти понудиме:

  • Конкурентна основна плата + додатоци на плата
  • Работен ангажман на полно работно време,
  • Обезбедено бесплатно сместување и 3 оброци дневно,
  • Платен превоз,
  • Напредок, награди, тим билдинг активности,
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели
Работни задачи:
  • Одржување на хигиената во гостинските соби на хотелот;
  • Се грижи за хигиената во јавните простории во хотелот;
  • Помага при работните задачи во перална;
  • Други одговорности соодветни на работното место Собарка

Потребни квалификации:

  • Мин. ССС;
  • Со или без исксутво (искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност);
  • Работа во две смени.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.

Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.

Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Turizam i ugostiteljstvo iznosi 20.094 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje