КАРГО Меѓународна Шпедиција е основана во 1991 година и врши посредување при царински постапки и транспорт. Компанијата има свои филијали во Скопје и на граничните премини Табановце, Богородица, Блаце, Деве Баир и Ќафасан. Како лиценцирани посредници во транспорт, организираме копнен, бродски, авионски и железнички транспорт, со што обезбедуваме сеопфатна логистичка услуга.
Царински застапник (шпедитер)
на граничен премин Ќафасан, Струга
Опис на работната позиција:
- Подготвување, поднесување и следење на царински декларации и документација.
- Комуникација и координација со царинските и граничните служби.
- Осигурување дека сите постапки се во согласност со важечките регулативи и законски прописи.
- Консултирање на клиентите за царински процедури и шпедиција.
Барани квалификации:
- Минимум средно образование; предност имаат кандидати со високо образование во логистика, економија или сродни области.
- Претходно искуство како царински застапник или шпедитер.
- Важечка лиценца за царинско застапување ќе се смета за предност.
- Познавање на законските регулативи за царинење и шпедиција.
- Добри комуникациски и организациски вештини.
- Способност за работа во динамична средина.
- Познавање на англиски јазик.
- Возачка дозвола Б категорија.
Нудиме:
- Редовна плата.
- Обука и можности за професионален развој.
- Работа во професионална и динамична средина.
Доколку сте заинтересирани Ве покануваме да ни доставите Ваша кратка биографија преку полето "Брза Апликација".