Vrabotuvanje.com - Маркетинг и web специјалист - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Маркетинг и web специјалист

Скопје

Rok prijave:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

МАРКЕТИНГ И wEB СПЕЦИЈАЛИСТ

Одговорности:
  • Развивање и спроведување успешна стратегија за дигитален маркетинг,
  • Ќе го зголеми онлајн присуството на компанијата преку активности како SEO, SEM, блогови, социјални медиуми, вебсајт маркетинг и имејл кампањи, и ќе работи на подобра и поефикасна inbound маркетинг стратегија;
Знаења и вештини:
  • Photo Editor – Adobe Photoshop / Ilustrator
  • Солидно разбирање на платен дигитален адвертајзинг и дигитален lead generation преку Google (Search, Display, Video) и на социјалните медиуми (Instagram, Facebook, TikTok);
Технички вештини кои ќе се сметаат за предност:
  • Работно искуство во областа ќе се смета за предност 
  • Солидни технички способности и искуство со маркетинг алатки и платформи, како CMS (Process Wire), маркетинг автоматизација (Drip), CRM (Salesforce) и Social-Media/SEO (SEMRush);
  • Практично познавање на Google Ads, Google Analytics и Google Tag Manager;
  • Познавање на MS Office; WordPress
Што нудиме?
  • Одлични услови за работа
  • Континуирана обука
  • Можност за унапредување  
 
Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.
 
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација
со задолжителна назнака на апликацијата „за Маркетинг и Web специјалист“.

 

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
IT, telekomunikacije iznosi 45.517 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje