Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.
Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.
За потребите на Санмарти, отворена е работна позиција за
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ИНСТАЛАЦИОНИ СИСТЕМИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И ВОДОВОД
Работни задачи
- Посета на постоечки и нови клиенти, како и комерцијална и техничка поддршка на постојните клиенти
- Одговарање на барања од клиенти; преговарање за цени и време на испорака; исполнување на нарачки
- Развој на долгорочни планови за продажба
- Подготовка и имплементација на настани со клиентите
- Учество на саеми и едукативни работилници, релевантни за конкретниот сектор
- Интензивно следење на конкуренцијата и одредување конкурентни продажни цени
- Работа на проекти и следење, релевантно за секторот
- Тековно истражување на пазарот и анализа на барањата
- Општи внатрешни и надворешни административни задачи
Вашиот профил
- Завршено високо образование- Економски или Машински Факултет
- Работно искуство во продажба
- Способност за тимска работа
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Предности при избор на кандидатот
- Искуство во продажба
- Техничко познавање на системи за водовод и греење
- Комуникациски и преговарачки вештини
- Познавање на странски јазик
Работни услови (што нудиме)
- Атрактивна плата по договор
- Службено возило
- Службен телефон
- Службен компјутер
Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација".