Ние во Алма-М веќе 33 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО Скопје
Работни задачи:
- Продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,
- Грижа за производи и купувачи за даден регион по стандарди на Алма-М,
- Следење и известување за активности на пазар,
- Грижа за наплата на побарувања,
- Градење тимски дух и решавање проблеми во интерес на работењето
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Поседување возачка дозвола Б – категорија,
- Флексибилност за работа на терен,
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
- Професионално однесување,
- Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за тимска и индивидуална работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Познавање и работа со компјутери (MS Office пакет),
- Познавање на назначениот регион,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност.
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
- Ве молиме без телефонски јавувања