СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
СЛАТКАР
Работни должности:
- Задолжен/а за навремено и квалитетно изработување на производите;
- Задолжен/а за подготовка на тестото, филовите и филување на производите согласно нормативите и рецептурите;
- Ги става производите во плехови и истите ги пече и врши подмачкување на производите пред печење;
- Готовите производи ги реди и пакува во соодветни садови;
- Се грижи за квалитетот на производите за време на печењето, се грижи за хигиената на производите, личната хигиена и хигиената на опремата и просториите;
- Врши контрола и прием на суровините;
- Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
- Врши проверка на температурата на фрижидерите и температурата на печењето;
- По завршување на работата ги чисти работните површини, ги собира тепсиите и ги реди на определено место;
- Прием и припрема на нарачки;
- Дава извештај за сработеното на претпоставениот на дневно ниво
- Обавува и други работи од делокругот на негово/нејзино работење по налог на претпоставените;
Работни одговорности:
- Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
- Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
- Го почитува работниот распоред,
- Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
- Во комуникација со потрошувачи разговорот го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
- Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
- Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
- Ја почитува работната дисциплина;
- Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
- Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
- Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.
Образование, квалификација, професионалано работно искуство:
- Средно образование;
- Работно искуство во слаткарство;
- Работење и однесување во согласност со принципите на деловната комуникација и поведение;
- Познавање на сите услуги кои ги нуди друштвото
Лични карактеристики:
- Навремено исполнување на работните задачи;
- Организираност;
- Доверливост;
- Лојалност ;
- Одговорност;
- Одлучност и креативност
- Тимски работник
Што нудиме ние:
- Пријатна работна средина со многу предизвици
- Конкурентна плата
- Исплата на регрес
- Тимска работа
- Кариерен развој и мотивација
- Обуки за развој
- Континуиран фидбек од работата
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.