Vrabotuvanje.com - Проектен менаџер - Скопје - Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Проектен менаџер

Скопје

Rok prijave:

  • Фондација за Менаџмент и индустриско истражување

 

 

 

Опис на работната позиција

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) има потреба од ангажирање на еден проектен менаџер во областа на економскиот развој и обезбедувањето на техничка поддршка за мали и средни претпријатија – МСП.

За нас

Основана во 2002 година, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување – МИР Скопје работи на развојот на претприемништвото и малите и средни претпријатија преку обезбедување на бизнис и иновациски услуги. Со нашите советодавни услуги и програми за претприемништво и стручна обука ги поддржуваме постојните бизниси и го поттикнуваме растот на новите бизнис. Обезбедуваме услуги за поддршка на иновации и решенија за унапредено технолошко општество, вклучувајќи ја и циркуларната економија. 
 
Во 2007 година го отворивме најголемиот и најстариот ИКТ бизнис инкубатор во Македонија (ПСМ инкубатор), од 2008 година сме дел од најголемата мрежа за поддршка на бизнисите во Европа, Enterprise Europe Network, во 2011 година ја воспоставивме Европската мрежа на ментори за жени претприемачки во Македонија, а во 2017та година ја отпочнавме првата програма за интернационализација на скејл-ап компании. Ко-основачи сме на бројни иницијативи, како што се Националната платформа за женско претприемништво, платформата Поглавје 20: Индустриска и МСП политика, а од 2023 година одговорни сме за мониторинг на имплементацијата на Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт.
 

Задолженија и одговорности

Менаџерот на проектот ќе треба да ги извршува следниве задачи:

  • Спроведување на програмата за интернационализација на МСП преку проценка на потребите, иницирање и организирање настани за вмрежување, деловни средби и соработка со меѓународни компании и корпорации присутни во земјата;
  • Идентификување на МСП заинтересирани за вклучување во програмите за интернационализација и техничка поддршка;
  • Идентификување, комуникација и размена на добри практики со релевантни организации и мрежи за поддршка на интернационализацијата на МСП;
  • Спроведување на тренинг програмите за градење капацитети на полето на пристап до финансии, пристап до пазари, иновации и трансфер на технологија преку организирање различен вид на настани и развој на тренинг ресурси;
  • Организирање meet-ups и pitching настани преку дефинирање на програмите, избор на учесници, поддршка на тимови, комуникација со домашни и странски експерти и ментори;
  • Спроведување на конкурси за избор на родово-сензитивни компании и најдобро извозно ориентирани компании;
  • Соработка со различни целни групи: МСП, претприемачки и претприемачи, организации и институции од претприемачкиот и иновацискиот еко-систем во земјата и во странство, интернационални организации и тимови;
  • Менаџирање на проектни активности, спроведување набавки и редовна комуникација и известување на донаторите;
  • Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим на МИР Фондација;
  • Промоција на проектите, продуктите, настаните на медиуми, вклучително и социјални медиуми;
  • Давање препораки за нови проекти и програми за подобрување на состојбите во областа на проектното делување.

Компетенции/услови

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Универзитетска диплома или повеќе од 10 години непрекинато искуство на бараната позиција во областа на економија, бизнис, менаџмент, технички науки, јавна политика, политички науки или родови студии;
  • Најмалку 3 години искуство во работа на проекти, менаџерско искуство ќе се смета за предност;
  • Солидно познавање на сите аспекти при планирањето и имплементирањето проектен циклус;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;
  • Познавање со претприемништвото и економскиот развој на МСП како дисциплини;
  • Одлични вештини во интерната и екстерната комуникација;
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот;
  • Претходно работно искуство со проекти од областа на поддршка на МСП ќе се смета за предност.

Работни бенефиции

Позицијата предвидува полно и редовно работно време и овозможува можности за личен развој и надградба и динамична работна средина:

  • Работни часови во неделата 40, со работно време од 8:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок;
  • Сигурни и редовни месечни примања;
  • Позитивна атмосфера со одличен тим;
  • Работа со искусни професионалци на значајни проекти;
  • Посета на интернационални обуки и семинари;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Можности за патувања (во земјата и во странство) предвидени како дел од проектите кои се имплементираат од Фондацијата.
 

Пријавување

Испратете биографија и мотивационо писмо на mir@mir.org.mk со наслов “Пријава за проектен менаџер ИМЕ ПРЕЗИМЕ”, до среда, 06ти ноември 2024 година. 

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на вашата апликација за работа согласни сте вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Management iznosi 39.113 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje