АТИ е специјализиран за решенија за автоматизација за производствени линии. Нашиот neXa framework овозможува брз развој и ефикасност кај системите за автоматизација, помагајќи им на нашите клиенти да постигнат оптимизирани работни процеси на производство.
Имаме потреба од:
Јуниор инженер за автоматизација (Junior Automation Engineer)
- Како јуниор инженер за автоматизација, ќе имате задачи за програмирање производствени станици и линии со PLC на Beckhoff (TwinCAT). Оваа улога бара основно разбирање од PLC, концептите за објектно-ориентирано програмирање (OOP) и основно хардверско познавање за сензори и актуатори кои вообичаено се користат во системите за автоматизација. Потребно e да бидете подготвени да патувате до локациите на клиентите за инсталација на програмата и тестирање на производната линија (во Македонија и во странство).
Тип на работа:
- Во канцеларија (бул. Партизански Одреди – во близина на Универзална Сала, во Центар, Скопје) од 8:00 до 16:00. По потреба и барање на вработениот може да се прифати динамично работно време со лимитирана опција за работа од дома. Во сличаи на инсталации и тестирања се патува и работи од локацијата на клиентот
- Како јуниор инженер, ќе работите под надзор на менаџер или сениор инженер, кој ќе обезбеди менторство и поддршка додека ги развивате вашите вештини во програмирање за автоматизација и хардверска интеграција.