Vrabotuvanje.com - Продавач - Пехчево и Делчево - Пехчево и Делчево - МАКПЕТРОЛ АД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Продавач - Пехчево и Делчево

Пехчево и Делчево

Rok prijave:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување на договорот, на бензинските станици во Регион Кочани во Дирекцијата за малопродажба, и тоа:

 

  1. Бензинска станица во Пехчево

- 1 (еден) работник на работно место продавач

  1. Бензинска станица во Делчево

- 1 (еден) работник на работно место продавач

​Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве вештини и компетентности:

  • Одлични комуникациски способности и услужливост.
  • Способност за работа со каса и платежни терминали.
  • Способност за организирана и одговорна работа во динамична средина.
  • Подготвеност за работа во смени и на различни временски услови.

Работни задачи и основни одговорности:

  • Услужување на клиенти: Професионален пречек на клиенти, точење на горива и продажба на производи, примање на плаќања во готово, со дебитни/кредитни картички или други начини на плаќање, љубезно советување и насочување на клиентите.
  • Управување со дневен промет: Регистрирање на продажбите и обработка на плаќања.
  • Попис и складирање: Проверка и дополнување на залихите, евиденција на состојбата на производите.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.

Основната нето плата за горенаведените работни места изнесува 30.000 денари.

Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
  • Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место;
  • Кратка биографија;
  • Копија од диплома за завршено образование;
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
  • Препорака од претходен работодавач;
  • Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje