BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.
Поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на програмерскиот тим и објавува конкурс за вработување на 8 работни позиции за .NET програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни и динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување во одлични услови.
Full Stack .NET Developer
Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:
- Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
- Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
- Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.
Потребно е познавање и искуство со реални проекти на:
- ASP.NET MVC и C#;
- MS SQL, Entity Framework, LINQ;
- Познавање на Angular, React ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на англиски јазик;
Хибриден режим на работа.
Предност би имале кандидатите со искуство во:
- Google APIs;
- Web APIs;
- Unit testing;
- .NET Core и EF Core;
- Искуство со TFS (Team Foundation Server) / Azure DevOps;
Зошто би требало да станете дел од нашиот тим:
- Ќе работите во професионален тим, кој е насочен кон усовршување и надоградба на вештини.
- Ќе учите и ќе бидете во тренд со новите технологии.
- Квалитетот и довербата кај нас се на прво место.
Ние нудиме:
- Загарантирана висока почетна плата како и можност за брзо напредување.
- Квалитетна и професионална работна средина.
- Одлична работна атмосфера и брзо професионално надоградување.
Вашето кратко резиме (CV), испратете го преку полето Брза Апликација или испратете го на email адреса: jobs@beelivio.com.
Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.