Poslodavac može zatvoriti oglas i prije isteka roka za prijavu, ukoliko primi zadovoljavajući broj prijava ili među pristiglim prijavama pronađe odgovarajućeg kandidata za objavljenu poziciju.
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:
Доставувач и монтажер на производи
Kärche
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
ССС минимум
Возачка дозвола со Б категорија
Основно познавање на работа со струја и струјни кабли
Искуство во достава или монтажа ќе се смета за голема предност
Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти
Пожелно познавање на работа со MS Office
Аналитичност, објективност, тимски работник
Систематичност, организираност, иницијативност
Одговорности и работни задачи:
Дневна проверка на документи за Премиум достава и нивно печатење
Дневно подигање на уреди и додатна опрема (кабли, држачи...) за Премиум достава од соодветен магацин (купени од корисници)
Планирање на достава според редослед на адреси и време на достава
Достава на секој уред на адреса во соодветен договорен рок со корисникот
Распакување и монтажа на уредот на соодветно место со пуштање во употреба
Одстранување на пакувањето од домот на корисникот и негово фрлање во отпад.
Одстранување на стариот уред (по желба на корисникот) и негово носење во Сервисен центар
Грижа за возилото и алатот за работа
Што нудиме?
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
За надминување на зададените таргети, предвиден е дополнителен бонус
Континуирана обука
Работно време: 8:00 – 16:00
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање. Огласот е активен до 10.11.2024
Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati
ovdje