SIMPO е производител на мебел со најдолга традиција и еден од омилените брендови за мебел.Секојдневно нашите вешти занаетчии, архитекти, дизајнери, инженери, продавачи, монтери итн. работат напорно за најдобриот мебел да стигне до купувачите, до домовите каде се создаваат најубавите семејни спомени и деловните простории каде се постигнуваат трајни успеси.
Ние сме едно големо семејство кое создава мебел кој има душа и ги прави домовите и деловните простори низ Србија и Европа посебни.
Задоволството на нашите клиенти е нашата најголема награда бидејќи тие се дел од нашето големо семејство.
За да го зголемиме нашиот тим во Скопје објавуваме оглас за вработување на работното место
Сметководител
Потребни квалификации:
- Oбразование ССС/ВСС Економски факултет,
- Работно искуство минимум 3 години, поседување на лиценца за Овластен сметководител / Сметководител,
- Познавање на МС Office пакетот и Англиски јазик ,
- Аналитички и организациски способности, комуникативност, доверливост, способност за работа под притисок и во рокови, мотивација за работа во тим,
Одговорности и задачи:
- Книжење и контрола на целокупната документација,
- Изготвување и достава на ДДВ пријави,
- Пресметка на аконтации за данок на добивка,
- Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извешатаи,
- Подготовка на извештаи до надлежни инстутуции,познавање и примена на важечка регулатива ,
Компанијата нуди:
- Редовна нето плата,
- Платен годишен одмор и регрес,
- Исплата на стимулација и наградување на успешните работници,
- Професионален развој , континуирани обуки и напредок,
Сите заинтересирани да ги испратат своите CV-ња преку полето Брза Апликација