Vrabotuvanje.com - Менаџер за угостителство - Скопје - Mozzart
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Менаџер за угостителство

Скопје

Rok prijave:

  • Mozzart

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

За потребите на нашата компанија потребен ни е
МЕНАЏЕР ЗА УГОСТИТЕЛСТВО

Основни должности:

  • Учество во воспоставување на стратегија за контрола на процесот на работа во областа угостителство
  • Анализа на работењето на секој шанк во рамките на системот и константна работа на зголемување на профитабилноста
  • Активно работи на зголемување на бројот на шанкови во системот
  • Учество во воспоставување на стратегија за развој на мрежата на шанкови како и секој шанк поединечно
  • Контрола на процесот на набавка на производи и опрема за шанкови, воспоставување стратегијата за определување и контрола на нивоата на залихи на производи
  • Активно учество во осмислувањето на маркетинг акции, со цел подобрување на продажбата
  • Учествува во донесувањето на стратегијата за одредување на асортиманот на производи
  • Контактира со надворешни соработници и за тоа го известува раководството
  • Прегововара со стратешки партнери
  • Учество во утврдување на цената на производите, како и принципот и стратегијата на одредување на цени
  • Врши контрола и заверка на плаќања на производи и услуги за угостителство
  • Учество во отварање-затворање и преселување на Уплатни места од својот домен
  • Ја прати и контролира примената на дефинираните процедурите од својата област, предложува промени на постојните или изработка на нови
  • Дефинирање на ризикот од работењето во својот домен, определување на превентивни мерки, анализа и следење на нивната примена
  • Следење на законските регулативи во својата област
  • Ги изработува сите потребни извештаи од својот домен 

Услови:

  • Минимум VI степен стручна спрема, економски или туристичко – угостителски смер
  • Минимум 3 годишно работно искуство во областа
  • Познавање на правната регулатива и законите од областа
  • Познавање на основите на финансиите (буџетирање, анализа на резултати) и разбирање на потребите на корисниците на услугите
  • Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот
  • Познавање на англиски и српски јазик.
  • Способност за организирање и планирање
  • Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуниклација (писмени и усмени)
  • Изразени вештини на раководење,
  • Преговарање и договарање 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да гo испратите преку полето Брза Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. 

Краен рок за поднесување на пријавите е 10.11.2024 година.

Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Turizam i ugostiteljstvo iznosi 20.094 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje