Специјалист за продажба
Скопје
Rok prijave:
- ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
- Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
- Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
- Неделно работно време: Понеделник – Петок
Работни задачи:
- Водење, унапредување и промоција на продажбата на слабострујни и јакострујни системи,против пожарни системи,видео надзор,дизел генератори, уреди за непрекинато напојување (УПС), електро опрема, соларни системи, , батерии и друга опрема,
- Комуникација со постоечки и потенцијални корисници со цел презентација, промоција и продажба на услугите на компанијата;
- Реализација на деловни состаноци и презентации;
- Подготовка на понуди за корисниците, според нивните моментални потреби;
- Воспоставување, градење и оддржување на силни врски со корисниците;
- Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
- Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани, како и следење на нивното задоволство;
Потребни квалификации и способности:
- Познавања од областа на технологија
- Напредни продажни, преговарачки и комуникациски вештини;
- Најмалку 3 години работно искуство во продажба во иста или слична индустрија;
- Одлично познавање на сите апликации на Microsoft Office пакетот;
- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
- Возачка дозвола Б категорија
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку Брзата Апликација.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!