Vrabotuvanje.com - Возач - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Возач

Скопје

Rok prijave:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Возач во сектор Административни услуги


РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
  • Врши превоз на лица за потребите на Друштвото, во земјата и странство;
  • Се грижи за исправноста и хигиената на возилата што ги користи;
  • Врши редовни контроли за исправноста и видливи надворешни и внатрешни штети на возниот парк на компанијата;
  • Организира разни активности поврзани со одржување на возниот парк на компанијата (перење на возила, годишно менување гуми, редовни и вонредни сервиси и слично);
  • Води ред за паркинг условите пред административна зграда на ОКТА;
  • Доставува поштенски материјал и врши друга услуга од помош на служба Архива;
  • По потреба врши курирски услуги за компанијата;
  • Изготвува разни извештаи во врска со возниот парк на компанијата (за патарини, паркинг, помината километража и сл.);
  • Помага при изготвување и спроведување на договорот за организиран превоз на вработени;
  • Извршува други работни задачи дадени од претпоставениот
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Средна стручна спрема
  • Претходно работно искуство со превоз на лица ќе се смета за предност
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на МS Office
  • Б-категорија возачка дозвола

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Добри комуникациски вештини;
  • Мобилност;
  • Одговорност;
  • Професионален однос;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Доверливост и лојалност;

НУДИМЕ:
  • Работа во интернационална компанија;
  • Позитивна работна средина;
  • Обезбедена интерна обука за работното место;
  • Работно време од 08:00-16:00 часот, понеделник – петок;
  • Конкурентна плата;
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
  • Организирана исхрана од компанијата;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода;
  • Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот;
  • Новогодишен надоместок;
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате. 
 
ЕСИ (Employment Services International)
Ул.Ристо Равановски Бр.2- 1/3
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Promet, transport, pomorstvo iznosi 24.623 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje