Приватна детска градинка „Малиот Принц“ – Скопје објавува оглас за вработување на
Воспитувач во детска градинка
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Приватна детска градинка „Малиот Принц“ – Скопје објавува оглас за вработување на Воспитувач - мотивиран и креативен член на тимот кој ќе биде одговорен за подготовка и спроведување на програмата за воспитание и едукација, грижа и нега на деца на предучилишна возраст од 9 месеци до 6 години.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено соодветно вишо образование за воспитувач;
- Важечка лиценца за воспитувач издадена од Министерство за труд и социјална политика;
- Минимум 1 година работно искуство во формално или неформално воспитание на деца на предучилишна возраст;
- Познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;
ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
- Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
- Професионален и позитивен однос;
ШТО НУДИМЕ:
- Позитивна и динамична работна средина каде проактивноста е секојдневие;
- Компетитивен надоместок во зависност од искуството на кандидатот;
Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:
- Лицето се очекува да започне со работа од 01.12.2024
- Работно време на оваа позиција е 8 часа, во период од 07:30 до 17:30 часот, од понеделник до петок
- Локацијата на извршување на работниот ангажман е населба Козле, Скопје
Испратете го Вашето CV преку Брзата Апликација со наслов Апликација за воспитувач.
Краен рок за аплицирање: 15.11.2024
Селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.