Технолог
Скопје
Rok prijave:
- МАКПЕТРОЛ АД
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување на договорот, во Лабораторија за готови производи која е дел од Лабораторија за анализа на нафтени деривати и биодизел во Дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија.
- Завршено високо образование – дипломиран хемиски инженер или дипломиран инженер технолог;
- Напредно ниво на англиски јазик (писмено и усно);
- Напредно користење на компјутери ;
- Работно искуство од најмалку 1 (една) година.
- Спроведување на лабораториски анализи и тестирања на готови производи со цел обезбедување на усогласеност со стандардите за квалитет и безбедност.
- Координација и комуникација со тимот во Лабораторија за нафтени деривати и биодизел, со цел подобрување на интегритетот и прецизноста на процесите за контрола на квалитет.
- Подготовка на извештаи и документација за извршените анализи на готовите производи.
- Следење и примена на нови лабораториски техники и стандарди, особено во контекст на производи од нафтени деривати и биодизел.
- Придржување кон сите процедури и протоколи за обезбедување на квалитет во рамки на лабораториските испитувања и аналитички процеси.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лица за контакт:
Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!