Vrabotuvanje.com - Возачи со Б категорија за поголеми комбиња во Германија - Хомберг Ефце - Planet G NMK
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Возачи со Б категорија за поголеми комбиња во Германија

Хомберг Ефце, Njemačka

Rok prijave:

  • Planet G NMK

Планет Г НМК е консултантска агенција специјализирана за обработка и комплетно уредување на апликации за визи за граѓаните на Македонија. Како дел од нашите услуги, нудиме и опции за работа во странство, со посебен акцент на вработување на возачи/шофери во Германија. Во рамките на овој проект, ние обезбедуваме консултации на клиентите во текот на целиот процес,  ги подготвуваме сите потребни документи од работодавецот почнувајќи од работната дозвола, закажуваме термини за визирање и ги информираме за сите ситуации во текот на целиот процес до вработување.
 
Наша цел е да им овозможиме на нашите клиенти непречен и ефективен пристап до работни можности во странство.

Бараме:

Возачи со Б категорија за поголеми комбиња во Германија

 

Што бараме: 

  • Минимум 5 години возачка дозвола за Б категорија
  • Силен и физички подготвен за подигнување пратки/пакети (сам или со колега) за достава и пренос на пратки до клиентите (со веќе направен план за испорака до адресата на клиентот)
  • Искуство со возење на поголеми комбиња
  • Познавање на германски јазик е пожелно за полесна комуникација.

Што нудиме: 

  •  2320 евра бруто плата (околу 85 евра нето дневница) за пет работни денови.
  • Работни денови: од понеделник до петок, со можност за работа во сабота
  • 20 дена годишен одмор (после 6 месеци работа)
  • Не се одобрува одмор во јули, ноември, декември и месецот пред Велигден поради обемна работа со пратки
  • Бесплатно сместување во стан со своја соба за првиот месец.
  • По првиот месец – можност за останување во истиот стан со кирија 400 евра со вклучени сметки.
  • По третиот месец – можност за средување на документи за визи за семејството и опција за сопствен стан.

Дополнителна поддршка:

  • Компанијата помага со регистрација на адреси, отворање банкарски сметки, промена на возачка дозвола, здравствено осигурување како и трансфер од аеродромот во Дортмунд
 
Тим за испорака на ДХЛ пратки (две лица возач и сопатник )​:
  • Локација: Хомберг Ефце, Германија
  • Возило: Спринтер
  • Задачи: Испорака на големи пакети (софи, мебел) - работат две лица заедно, пратките се до 30 кг.

Амазон – Возач на габаритни возила:

  • Локација: Хомберг Ефце, Германија
  • Возило: „Amazon Heavy Bulky“, Спринтер со куфер, електричен качувач на скали
  • Задачи: Испорака на големи пакувања (мебел, машина за перење, машина за сушење, мали фрижидери)
Сите заинтересирани да пратат свое CV преку полето Брза Апликација.
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Promet, transport, pomorstvo iznosi 24.623 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje