АПАВЕ СЕЕ е дел од меѓународна групација (APAVE Group) специјализирана за управување со ризици со повеќе од 150 години искуство.
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ СЕЕ има потреба од Администратор во финансии и сметководство коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:
Администратор во оддел финансии и сметководство (1)
Краток опис на работната позиција:
Администраторот ќе работи по принцип на ротации во канцеларијата на АПАВЕ СЕЕ во Скопје како и во една од работните канцеларии на земјите интернационално за кои директно ќе работи.
Тој/таа ќе биде финансиско административна поддршка на канцеларијата во која ќе работи во директна комуникација со менаџерот како и останатите засегнати страни (клиенти, банки, добавувачи).
- Администраторот е одговорен за месечно фактурирање и издавање на излезни фактури, комуникација со клиенти за фактурирање;
- Одговорен е за процесот за барање наплата од клиентот и грижа за застареност на побарувањата;
- Одговорен е за навремено регулирање на барањата од добавувачи и внатрешните обврски;
- Одговорен е за плаќање на влезни интернационални фактури;
- Одговорен е водење на дневни операции на благајната;
- Одговорен е за водење евиденција за дневни изводи и придружни документи за секоја трансакција за сметките на канцеларијата;
- Одговорен е за водење на евиденција за фактурите и документација на добавувачите;
- Одговорен е за подготовка на документи за сметководство и ажурно средување на истите документи;
- Дава поддршка во активностите за процесот на сметководствено затворање на месецот;
- Одговорен е за поддршка и учество во процесот на надворешна и внатрешна ревизија;
- Одговорен е за административни активности за поддршка на канцеларијата;
- Високо образование, предност Економски факултет
- Претходно работно искуство во сметководство и финансии најмалку 2 години
- Претходно искуство со работа во софтвер;
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
- Ориентираност кон детали и точност и прецизност во внесување на податоците;
- Клучни компетенции: комуникација, планирање и организирање, управување со времето и рокови;
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.