За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:
РЕНДГЕН ОПЕРАТОР
Основни одговорности:
- Одговорен за заштита на цивилното воздухопловство од дејствија на незаконско постапување, како и заштита на имот, вработени, клиенти и гости
- Одговорен да постапува по конкретни задачи определени со упатството и процедурите за работа на конкретно работно место
- Врши безбедносна проверка на кабински багаж, регистриран багаж, карго и пошта, со цел детектирање и отстранување на предмети што ја загрозуваат безбедноста на авиосообраќајот
- Врши рачен претрес на содржина на багаж, карго и пошта во присуство на полициски службеници, царински службеници сопственикот на багажот или овластен испраќач и овластен претставник на авиопревозникот
- Врши рачен претрес на лица и предмети
- Одговорен за издавање на ИД картички за придружувани лица и редовно водење евиденција во однос на бројот на ИД картички на службен влез, како и за спречување влез од страна на неовластени лица во безбедносно ограничената зона на аеродромот
- Одговорен за заштита на имотот на компанијата од неовластено внесување-изнесување предмети, опрема, делови од опрема и друг вид на сопственост
- Одговорен за правилно користење на опремата за безбедносен преглед (рендген уред, метал-детектор врата, рачен метал детектор, детектор за траги од експлозив, детектор за течни експлозиви, итн.) на сите пунктови за безбедносна проверка
- Одговорен за одржување на хигиената на сите пунктови за безбедносна проверка и работните простории
- Одговорен за дневна проверка и контрола на техничката функционалност на опремата и подготовка на контролна (чек-листа) листа за извршената проверка
- Одговорен за подготовка на дневни извештаи во однос на извршени активности како и извештаи во однос на какво било прекини или активности, настани и предмети поврзани со безбедноста што може да бидат закана за безбедноста и обезбедувањето на аеродромот, воздухопловите, патниците и предметите
- Во ситуации кога е потребно, тој/таа ќе биде овластен да користи физичка сила согласно Законот за приватно обезбедување
- Согласно потребите на работниот процес, тој/таа ќе извршува активности во областа на видео надзор (CCTV) во рамки на делокругот на работењето на аеродромското обезбедување, а со цел: Надзор, преглед и анализа на видео снимки, подготовка на извештаи и известување на надлежните лица за значајни и важни настани од снимките и почитување на сите одредби од Законот за заштита на лични податоци
- Одговорен да посетува организирана обука
- Одговорен да ги почитува и да се придржува кон сите внатрешни акти на ТАВ Македонија
- Одговорност за извршување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
- Извршува и други задачи и обврски на барање на претпоставениот, во согласност со позитивно правните регулативи
Образование:
- Средно образование (IV степен)
Задолжителни лиценци & вештини за вработување:
- Лиценца за приватно обезбедување лица и имот издадена од Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија
- Уверение за познавање на англиски јазик, најмалку степен А2 (согласно Common European Language Framework
- Возчка дозвола Б категорија
- Позитивна безбедносна проверка, согласно Националната програма за обезбедување на цивилното воздухопловство
- Лекарско уверение за работоспособност согласно работната позиција
Вештини:
- Комуникациски вештини
- Тимска работа
- Способност за брзо учење
- Прва помош
- Самоодбрана
- Ракување со оружје
- ИТ писменост
Лиценци со кои мора да се стекне:
- Сертификат за стручно оспособување за Рендген оператор издаден од страна на ТАВ Македонија
- Обука за опасни материи наменета за персонал од обезбедување, Категорија 12
- Оперативна безбедност во безбедносно ограничена зона
- Возач во воздухопловна/безбедносно ограничена зона
Работно искуство:
- Пожелно, но не е задолжително
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!