Credissimo е динамична високотехнолошка компанија основана во 2007 година и е една од компаниите со најбрзиот развој на FinTech/ФинТек/субјекти во небанкарскиот финансиски сектор во Европа.
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.
Ние во Credissimo, го продолжуваме нашиот брз развој и бараме Агент за теренска наплата на долгови да се приклучи на нашиот млад и талентиран тим.
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ (СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ТЕТОВО)
- Да се договара за плаќање на заостанати побарувања со должниците на нивна адреса или по телефон, согласно внатрешни политики, процедури и стратегија на Друштвото, со цел да се избегне постапка за присилна наплата на долгот;
- Посетување и потврдување на валидност на адреси на должници, разговори со должниците, со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот, надвор од постапка за присилна наплата, овозможување за продолжување на рокот за враќање и реструктуирање на долгот како и одредување на причините за задоцнета отплата на долгови со цел да дојдеме со решение за нивно намалување;
- Да користи флексибилен и индивидуален пристап во комуникацијата;
- Да применува различни видови стратегии и методи за реализирање на целите со цел постигнување на повисоки резултати;
- Да ги ажурира добиените информации во специјализиран софтвер;
- Да подготвува извештаи и евиденција за преземените активности во врска со наплата на долгови;
- Да ги извршува своите должности во согласност со политиката на Друштвото и законските прописи;
- Да врши и други работни обврски по налог од работодавачот во согласност на работните обврски;
Што ни е потребно за позицијата Агент за теренска наплата на долгови:
- Завршено средно образование;
- Познавање и работа со компјутери;
- Искуство со MS Office ќе се смета за предност;
- Претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција ќе се смета за предност;
- Одлична ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси.
- Возачка дозвола Б категорија со можност за користење на сопствен автомобил при вршење на работата ќе се смета во предност.
- Активни работни часови по сопствен избор:
- Атрактивен надомест за посочената позиција;
- Можност за дополнителни бонуси поврзани со реализираните цели;
- Проширување на тимот и можност за развој на кариерата;
- Можност да се биде дел од компанија која е објавена во Топ 10 на компаниите за алтернативно финансирање во Европа од European Fintech Awards.
1000 Скопје, Р.С. Македонија