Vrabotuvanje.com - Тим Лидер во Контакт Центар- Наплата - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Тим Лидер во Контакт Центар- Наплата

Скопје

Rok prijave:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

ФД М КЕШ Македонија се истакнува со својот иновативен пристап и брза експанзија, како преку онлајн услугите, така и преку директната услуга во нашите Продавници за пари. Како резултат на посветената работа и одржување на позицијата на пазарот, компанијата продолжува да биде лидер во секторот на небанкарските финансиски услуги во Македонија.

Како резултат на брзата експанзија и ефективно и ефикасно работење, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Тим Лидер во Контакт Центар- Наплата кој ќе продонесе во остварување на нашите цели и подобрување на нашите активности.

Тим Лидер во Контакт Центар- Наплата 
 

Опис на работни задачи:

  • Координација на тимот за наплата
  • Обучување и менторирање на тимот
  • Следење на перформансите и давање фидбек
  • Решавање на ескалации и комплицирани случаи
  • Подготовка на неделни, месечни и квартални извештаи за успешноста на тимот, како и анализирање на трендовите во наплатата.
  • Препораки за подобрување на стратегиите за наплата врз основа на собраните податоци.
  • Препознавање и иницирање на подобрувања во процедурите и процесите за наплата за да се зголеми ефикасноста и да се намалат случаите на задоцнување.
  • Развивање стратегии за наплата и исполнување на месечните цели
  • Креирање на ефективни стратегии за управување со ризикот од задоцнети плаќања.
  • Дефинирање на различни пристапи за комуникација со клиенти во зависност од нивната финансиска состојба и историја на наплата.
  • Идентификување и обработка на критични случаи
  • Информирање на клиентите за достапни опции за плаќање и поттикнување на нивната редовност во исплатата.
  • Следење на аналитички извештаи за трендовите во наплатата и анализа на причините за задоцнетите плаќања.
  • Подготовка на извештаи и презентации за наплата за менаџментот, кои вклучуваат KPI показатели и препораки за унапредување на процесот.

Потребни квалификации:

  • Високо образование ќе се смета за предност
  • Искуство на иста или слична позиција минимум 3 години
  • Искуство на раководење на тимови минимум на 5 лица
  • Компјутерска писменост и вештини
  • Силни организациски и аналитички вештини

Очекувани способности и вештини:

  • Напредни комуникациски и презентациски вештини.
  • Способност за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време.
  • Посветеност.
  • Професионалност, одговорност и лојалност.
  • Самоиницијативност и ориентираност кон остварување на резултати.
  • Способност за работа во тим и самостојност во извршувањето на задачите.
  • Проактивен пристап и креативно размислување.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Дополнителни бонуси согласно политиките на компанијата
  • Приватно здравствено осигурување
  • Можности за професионален развој и обука
  • Работа во динамично и позитивно работно опкружување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Вучер за прв училишен ден


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Marketing, PR i mediji iznosi 28.527 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje