Vrabotuvanje.com - CNC оператор - Прилеп - СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

CNC оператор

Прилеп

Rok prijave:

  • СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп


 

CNC ОПЕРАТОР
(глодалка/струг) 

СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е во потрага по мотивирани и одговорни кандидати за позицијата CNC оператор за полно работно време. Се нудат можности и за кандидати со претходно работно искуство, како и за почетници кои сакаат да започнат кариера во оваа област. Како CNC оператор, ќе бидете одговорни за работа со CNC машини, поставување на параметри и осигурување на прецизноста на изработените делови.

Две работни позиции.

Основни одговорности и задачи:

За сите кандидати:

  • Поставување и конфигурирање на CNC машини според техничките спецификации
  • Програмска работа и контрола на CNC машините за изработка на делови
  • Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела или направи и позиционирање на координативниот почеток на парчето
  • Мерење на димензиите и проверка на прецизноста и квалитетот на готовите делови со помош на мерни инструменти и по потреба нивна доработка
  • Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
  • Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
  • Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
  • Други помошни работи во производната хала
  • Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења

За кандидати со искуство:

  • Самостојно решавање на технички проблеми и подесување на машини
  • Обука на помладите оператори и помош во развојот на нови процеси
  • Напредни познавања на програмски јазици за CNC и опрема

За кандидати без искуство:

  • Обука на работното место од страна на искусни оператори
  • Основно разберување на технички цртежи и спецификации
  • Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати

Квалификации и компетенции:

За сите кандидати:

  • Минимум ССС
  • Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
  • Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата на CNC оператор
  • Со или без работно искуство

Како предност ќе се смета:

  • Работно искуство во дејноста
  • ВСС – машински или електро инженер, ССС-машински техничар, машино-бравар или сродни технички струки
  • Познавање на странски јазик

Лични карактеристики:

  • Одговорност и посветеност на работа
  • Стабилна и лојална личност
  • Способност за тимска работа и самостојна работа

Ќе биде направена претходна селекција согласно квалификациите и компетенциите заради определување на нивото на познавања:

  • Почетник (почетно ниво)
  • Квалификуван работник (средно ниво)
  • Техничар (високо ниво)

Што нудиме?

  • Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи, определена согласно селекцијата за квалификациите и компетенциите
  • Обука и менторство за кандидати без работно искуство
  • Можност за годишен бонус за работна успешност
  • Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
  • Обезбеден топол оброк
  • Работа во прва смена
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
  • Можност за напредување од личен и од технички аспект

Отворените работни позиции се за во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмопреку Брзата Апликација, или јавете се на еден од следните телефони: 071/645-880 и 072/592-392. Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje