Офицер за сметководство
Скопје
Rok prijave:
- ЕОЅ Матрих
Офицер за сметководство
бул. Илинден бр. 109 локал 6
EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Обработка/изработка на влезно-излезни фактури и нивно книжење;
- Благајничко работење;
- Подготовка, пресметка и книжење на патни налози;
- Книжење на денарски и девизни изводи;
- Евиденција и водење на регистар наОС;
- Правење преглед на обврски и налози за плаќање во е-банк;
- Девизно работење (приливи – одливи)
- Известување до НБРМ – (НД 1,2,3,ВС22, КИПО);
- Пресметка на МДБ и ДДВ;
- Подготовка на барања за потврди за платен данок на задршка (УЈП);
- Подготовка на барања за ослободување/олеснување при плаќање данок на задршка (УЈП);
- Подготовка на барања за потврди за резидентност (УЈП);
- Изготвување на ДД-И;
- Соработка со годишна ревизија
Потребни квалификации
- Познавање и работа во PANTHEON
- ССС (ВСС ќе се смета за предност);
- Најмалку 3 годишно работно искуство во областа на финансиите и сметководството
- Познавање на компјутери и софтверски апликации (MS Office 365 - особено Excell & Word);
- Познавање на англиски јазик
- Поседување на лиценца за Сметководител / Овластен сметководител ќе се смета за предност;
- Способност за тимска работа
- Способност за работа со зададени рокови
Работни денови: од понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 08 – 16 часот
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 17.11.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!