Vrabotuvanje.com - City Manager - Скопје - Авант Кар
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

City Manager

Скопје

Rok prijave:

Авант Кар е словенски водечки регионален снабдувач на мобилност како услуга во областа на управување со флота, краткорочни закупи, иновативно споделување на автомобили.

АВАНТ КАР има потреба од следната работна позиција
 

City Manager
 

Посебни вештини и способности, јазик:

  • Способност за пошироко, стратегиско размислување
  • Способност за креативна и самоиницијативна работа
  • Разбирање на глобалните трендови и иновации во мобилноста и технологијата
  • Способност за планирање, организирање, водење и контролирање
  • Познавање на релевантни алатки и системи потребни за функционирање и имплементација на проектите
  • Активно познавање на англиски јазик 
  • Важечка возачка дозвола

Опис на задачите и должностите, видови на работа и работни задачи:

  • Управување и водење на работниот процес во рамките на службата
  • Обезбедување мотивација и перформанси на членовите на тимот
  • Следење на извршувањето на работата
  • Одговорност за законитоста на извршената работа
  • Управување со деловна документација и евиденција
  • Креирање, подготовка и изработка на договори, извештаи, статистички анализи, истражувања, кореспонденција, понуди, известувања, временски распореди, апликации за тендери и сл.
  • Подготвување и одобрување на деловна документација во рамките на овластувањата
  • Координирање на вработените и одобрување на нивните распореди
  • Комуникација и соработка со клиенти, добавувачи, вработени и разни организации
  • Подготовка и спроведување на внатрешни и надворешни работилници и обуки поврзани со областа/проектот што го покрива Менаџерот
  • Советување и помагање на Менаџментот при донесување одлуки во однос на областа/проектот што Менаџерот го покрива
  • Подготовка на предлози за подобрување на проектите, процесите или производите
  • Обука на подредените за успешно работење на проектот/одделот
  • Одговорност за следење и континуирано функционирање на проектите
  • Во зависност од надлежностите, учество во планирањето на проектите, техничката подготовка и извршувањето
  • Активна и конструктивна соработка со вработените во одделот за Корисничка поддршка и одделот за Резервации
  • Активна и конструктивна соработка со вработените во другите оддели на компанијата (Финансии и сметководство, Маркетинг, Односи со јавност и дизајн, Информатичка технологија)
  • Редовно известување до претпоставените за сите нови случувања, напредок на проектите и какви било отстапувања
  • Учество во презентирање на проектите на разни внатрешни и надворешни настани
  • Во рамките на организациската комуникација: обезбедување услови на доверба и меѓусебно почитување
  • Вршење други задачи според усни или писмени упатства од Раководството на компанијата

 


Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија и писмо за намери преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака “за оглас за City manager“.

Напомена:
Без телефонски јавувања!
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje