Vrabotuvanje.com - Координатор за безбедност и здравје при работа - Скопје - СИТИ БИЛД ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Координатор за безбедност и здравје при работа

Скопје

Rok prijave:

  • СИТИ БИЛД ДООЕЛ Скопје

City Build е продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Од манастирите и црквите во источниот дел на Македонија, преку изградбите на објекти во струмичкиот, гевгелискиот и валандовскиот регион до неколкугодишната работа и непроценливото искуство на градилиштата во Германија, вложениот труд на нашите семејни предци беше мотив за отворање на сопствена градежна компанија.

Нашиот тим брои 130 посветени работници, и зад нас оставивме над 55 комплетирани објекти во Македонија.

Задоволството на клиентот е наша најголема мотивација, па затоа, нашата репутација ја градиме со квалитет и посветеност во изградбата, истовремено нудејќи ги најиновативните решенија за сѐ што Вам Ви е потребно, од проектна документација и ентериерно обликување, до изведба на најсложените објекти во секторот високоградба.

Фирмата СИТИ БИЛД ДООЕЛ има потреба од:

КООРДИНАТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

 
 
Обврски и одговорности:
  • Извршување на работните активности од доменот на безбедност и здравје при работа, внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата и секојдневна обиколка на градилиштето
  • Пратење, измена или дополна на планот за превентивни мерки за безбедност и здравје при работа
  • Координирање на активностите на сите работодавци и други лица кои вршат работи на градилиштето, во однос на спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа со цел да се спречи појава на повреди на работа и професионални заболувања
  • Преземање мерки за обезбедување пристап до градилиштето
  • Го известувате претставникот на инвеститорот за случаите кога  не се применуваат мерки за безбедна и здрава работа
  • Предлагате да се прекине работата доколку се загрозени безбедноста и здравјето на вработените или други лица на градилиштето, за што го известувате претставникот на инвеститорот 
  • Контрола и водење на дневна евиденција за посетата на локацијата 
  • Извршување активности во врска со менаџирањето на хигиената на градилиштето
  • Организирање на систематски прегледи и обуки за безбедност и заштита при работа на вработените
  • Изготвување на извештаи
  • Соработка со тимот
Образование, работно искуство и вештини:
  • Универзитетска диплома 
  • Претходно работно искуство во дејноста
  • Овластување за стручно лице за безбедност при работа
  • Познавање и примена на стандардите за безбедност и за здравје при работа 
  • Се одликувате со точност, прецизност и со педантност во работењето
  • Поседувате силни комуникациски вештини и а добри меѓучовечки способности
  • Средно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на работа со компјутери, MS Office пакет
  • Самоорганизираност, дисциплинираност, способност за тимска работа
  • Возачка дозвола Б категорија
 

Заинтересираните кандидати да достават биографија-CV и мотивационо писмо, преку полето Брза Апликација со напомена за која позиција аплицирате.
Кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат повикани на интервју.
контакт тел: 070/236-407

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Pravo iznosi 23.814 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje