Vrabotuvanje.com - Специјалист за контрола на квалитетот во Контакт Центар (Quality Assurance Specialist) - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Специјалист за контрола на квалитетот во Контакт Центар (Quality Assurance Specialist)

Скопје

Rok prijave:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија и Македонија. Нашата мисија е да им обезбедиме на сите, без разлика на нивниот животен статус, шанса да добијат брз пристап до финансиски алатки, продукти и услуги, за да можат да си ги исполнат соништата. Ние сме млад тим составен од искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако сте подготвени да станете дел од нашиот тим ќе ни биде задоволство да ни се придружите!

Во интерес на нашата експанзија, во потрага сме по Специјалист за контрола на квалитетот во Контакт Центар (Quality Assurance Specialist)

Специјалист за контрола на квалитетот во Контакт Центар (Quality Assurance Specialist) 
 

Работни задачи и одговорности:

  • Следење и оценка на повици    
  • Проследување на телефонски разговори со клиенти за да се осигура дека се почитуваат сите процедури, насоки и стандарди за квалитет.
  • Давање конструктивна повратна информација до агентите за да им се помогне во подобрување на комуникациските вештини, продуктивноста и начинот на ракување со клиентите.
  • Креирање, ажурирање и следење на стандарди и процедури за однесување и работење во Контакт Центарот.
  • Собирање и анализирање податоци од разговорите со клиенти за да се идентификуваат области кои можат да се подобрат, како и да се следат трендовите во перформансите на агентите
  • Давање препораки  ќе го зголемат квалитетот на услугата и ќе ја подобрат ефикасноста на работата на агентите
  • Проследување на поплаки од клиенти
  • Осигурување дека агентите и процесите се во согласност со политиките на компанијата и релевантните законски регулативи
  • Подготовка на извештаи за квалитетот на услугите, споредби на перформанси, трендови, и препораки за подобрување до менаџментот
  • Препознавање на потребите за обука и развивање на планови за надградба на специфични вештини кај агентите
  • Препознавање на потенцијални проблеми кои можат да влијаат на квалитетот на услугата и проактивно преземање мерки за нивно решавање.
  • Развивање и спроведување анкети за мерење на задоволството на клиентите и користење на резултатите за подобрување на процесите
  • Следење на пофалбите и поплаките од клиентите со цел унапредување на услугите кои се нудат.
  • Идентификување и предлагање на начини за подобрување на процесите и процедурите за квалитет во Контакт Центарот.

Потребни квалификации:

  • Високо образование ќе се смета за предност
  • Одлични вербални, писмени, комуникациски и аналитички вештини.
  • Искуство во оддел за обезбедување квалитет во истата индустрија ќе се смета како предност.
  • Организација и планирање
  • Високо ниво на комуникациски вештини
  • Статистичка анализа
  • Решавање проблеми
  • Специјализирано знаење во областа во која работи

Што нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • Можности за професионален развој и обука.
  • Работа во динамично и позитивно работно опкружување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Ваучер за прв училишен ден


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Marketing, PR i mediji iznosi 28.527 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje