Vrabotuvanje.com - Aгент за продажба - Скопје - Stone Bridge
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Aгент за продажба

Скопје

Rok prijave:

  • Stone Bridge

Хотелот Stone Bridge се наоѓа веднаш до Камениот мост, кој датира од 15-ти век и е главен симбол на Скопје. Сместен директно во културниот и комерцијален центар на градот, хотелот е одлична база од која може да започнете со откривање на македонското наследство. Пред самиот хотел се наоѓа плоштадот Филип II заедно со музеите и четирите прекрасни фонтани. Хотелот располага со 30 соби, 9 апартмани и 1 Претседателски апартман Султан. Сите соби се опремени со климатизација со сопствена регулација, LCD телевизор, директна телефонска линија, безжичен и кабелски интернет, мини бар, сеф и бања со џакузи кабина.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.

Aгент за продажба


Обврски и одговорности:
  • Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
  • Организирање, координирање и водење на продажните активности
  • Организирање и водење на состаноци и презентации
  • Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите
  • Изработка на понуди
  • Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
  • Стратешко планирање и развој на производи и услуги
  • Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите
  • Го известува директорот за продажба во случај на констатирани проблеми и дава предлози за нивно надминување
 
Квалификации:
  • Високо образование – Економски факултет
  • Најмалку 2 години работно искуство во продажба, пожелно во хотелска индустрија
  • Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација), познавање на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност
  • Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси.
  • Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност.
  • Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност.
  • Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
 
Работното време изнесува 40 часа од 8 и 30 до 16 и 30 часот секој работен ден.
Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатите.
 
Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самоиницијативност, високо развиени интерперсонални вештини, Ве покануваме да аплицирате преку копчето за брза апликација. Само кандидатите кои ги поседуваат горенаведените квалификации ќе бидат поканети на интервју.
Prijavi se na oglas
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Turizam i ugostiteljstvo iznosi 20.094 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje