Vrabotuvanje.com - Соработник за преземање и снимање на ризик - Скопје - КРОАЦИЈА НЕЖИВОТ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Соработник за преземање и снимање на ризик

Скопје

Rok prijave:

  • КРОАЦИЈА НЕЖИВОТ

Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје, се развива како лидер на осигурителниот пазар и партнер на своите клиенти, препознатлив по посветеноста и врвната услуга. Поради проширување на нашиот тим во Службата за прием на осигурување, имаме потреба од:


Соработник за преземање и снимање на ризик

Во Службата за Прием во осигурување, Дирекција, Град- Скопје

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование од технички науки (предност се градежен факултет, машински факултет или електротехнички факултет);
  • Минимум 3 години работно искуство во осигурување (искуство во областа на преземање на ризици или проценка и ликвидација на штети, ќе се смета за предност);
  • Солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office );
  • Способност за тимска работа;
  • Флексибилност за работа во динамична средина;
  • Способност за работа под притисок и професионално одлучување;  
  • Целосна посветеност на работните задачи;
  • Висока работна етика, соработка, одговорност и лојалност.

Опис на работно место – одговорности:

  • Изготовување на понуди и одобрување на договори за осигурување;
  • Анализа на постојно портфолио на клиенти  и предлагање на услови за продолжување на договорите за осигурување;
  • Посета на локации, снимање на ризик и изготовување на извештај од снимањето на ризикот;
  • Пресметка на максисмална можна штета;
  • Тесна соработка со преземачите на ризик при изработка на понуди за имот и возила;
  • Останати активности по налог на непосредниот раководител.

“ Добро е да си во CROATIA

Друштвото Кроација осигурување-неживот Скопје нуди

  • Вработување на полно работно време
  • Почетна плата (во зависност од искуство)
  • Одлична можност за професинален развој, обука и стручна надградба во рамките на компанијата и групацијата;
  • Работа во осигурителна компанија со позитивна, модерна и пријатна работна средина.
  • Работа со искусни преземачи на ризик

Потребна документација:

  • CV – Лична Биографија

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги достават на е-маил hr@crosig.mk со рок до 24.11.2024 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Менаџер за извид и снимање на ризик”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.       

Со испраќање на апликација за вработување, апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување.  

Со аплицирањето, вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното.    

 

 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
IT, telekomunikacije iznosi 45.517 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje