Vrabotuvanje.com - Трговски претставник - Скопје - Интерстаб Инженеринг
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Трговски претставник

Скопје

Rok prijave:

  • Интерстаб Инженеринг

Нашата компанија ги претставува светските лидери во идентификација на производи, индустриски печатачи, машини за етикетирање, пневматски контролни компоненти и ПВЦ црева. Компанијата инсталира, одржува машини и обезбедува комплетни технички решенија на некои од најпознатите локални и светски производители од сите гранки на прехранбената индустрија, екструзија и пошироко.

Поради проширувањето на своите активности, компанијата има потреба од искусен трговски претставник со подготвеност за патување и со добро развиени продажни вештини. Еве кого бараме:

Трговски Претставник

Неговата Улога:

  • Ја развива и одржува мрежата на клиенти во доделениот регион – активно патува, спроведува продажни состаноци и разговори со сегашни и потенцијални клиенти со цел да развива деловни можности
  • Претставува производи и нуди опсег на производи и услуги погодни за клиентите, специфицирајќи ги специфичните барања на клиентите
  • Претставува понуди и договори на клиентите, следејќи ги нивните квалитетни перформанси и обезбедувајќи уредност на комерцијалната документација
  • Го следи и соопштува исполнувањето на обврските кон клиентите по склучени договори до нивното склучување, и воедно одржува комуникација со техничкиот оддел
  • Ја следи и оценува состојбата на пазарот и постојано ги ажурира достапните информации за активностите на конкурентските компании
  • Учествува во развојот на комерцијалните стратегии и маркетинг кампањите на компанијата
  • Помага и ги насочува клиентите до соодветните одделенија кога се потребни конкретни прашања и/или технички решенија
  • Подготвува документација за известување и други референци за менаџерот

Профилот:

  • Средно/Високо образование, со техничка или економска ориентација е предност
  • Професионално искуство – 1-2 години, во продажба
  • Искуство во трговија со индустриска опрема е предност
  • Високо познавање на англиски јазик
  • Многу добра компјутерска писменост
  • Аналитичко размислување и ориентација кон клиентите
  • Комуникациски, продажни и презентациски вештини
  • Возачка дозвола и подготвеност за патување

Компанијата нуди:

  • Програма за воведна обука
  • Соодветно наградување и бонус шема врзана за постигнатите резултати
  • Учество на специјализирани обуки на меѓународни добавувачи и можност за постојано професионално усовршување
  • Приклучување на млад и динамичен тим

Доколку напишаното одговара на вашите професионални интереси и мислите дека тоа е можност за успешна кариера, испратете ја вашата апликација преку полето Брза Апликација  до 28.11.2024 година

Само одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју!

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Marketing, PR i mediji iznosi 28.527 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje