Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Фабрика „Карпош“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сметководител

Скопје

Rok prijave:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
СМЕТКОВОДИТЕЛ СО ИЛИ БЕЗ ГОЛЕМО РАБОТНО ИСКУСТВО

Од кандидатите се бара да имаат познавање од:

  • Сметководствено работење - Материјално и финансово работење
  • Книжење на влезни и излезни фактури
  • Книжење на банкарски изводи
  • Пресметка на персонален данок и електронска комуникација со УЈП
  • Одлично познавање и работа со компјутери (Microsoft Office)

На кандидатите им се нуди:

  • Полно работно време понеделник до петок,
  • Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот
  • Можност за дополнително усовршување
  • Добри услови и убава работна атмосфера

Личен профил:

  • Способност за самостојна и тимска работа.
  • Високо развиени комуникациски и организациски вештини.
  • Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување.

 

Докоолку имате желба да бидете дел од успешниот тим испрате ни ја вашата кратка биографија  (CV)  Преку полето брза апликација.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje