Vrabotuvanje.com - Референт во финансии - Скопје - ПОДРАВКА
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Референт во финансии

Скопје

Rok prijave:

  • ПОДРАВКА

 

Подравка е една од водечките компании во југоисточна, средна и источна Европа, која е основана 1947 година. Денес е дел од Подравка Група која работи во две области и тоа: прехрана и фармација, а големиот број потрошувачи ја препознаваат вредноста на нашите производи и ни ја даваат својата доверба, во повеќе од шеесет држави ширум светот. Довербата од потрошувачите е нашиот најголем успех. Со градење на оваа доверба кај потрошувачите, повеќе од неколку децении, станавме водечки бренд во прехрамбената индустрија во регионот.

Подравка е место каде што нашите вработени се чувствуваат како „дома“, но и место каде што можат да придонесат за раст и развој на компанијата, а ние ги препознаваме и наградуваме поединците кои вложуваат дополнителен труд во својата работа на инспиративен, ефикасен и професионален начин.

Подравка Македонија, во соработка со Вработување Ком, објавува оглас за работно ангажирање на иницијативен, амбициозен и посветен кандидат/ка за работната позиција:

РЕФЕРЕНТ ВО ФИНАНСИИ

 
 
 
Потребни квалификации:
  • ВСС, VII степен стручна спрема - економски факултет
  • Најмалку 1 година работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Пожелно поседување на уверение за сметководител/овластен сметководител
  • Познавање на англиски јазик, пожелно познавање на хрватски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Компјутерски вештини и работа со MS Office пакетот
  • Искуство во практична работа со SAP ERP software ќе се смета за предност

Одговорности и задачи:
  • Книжење на изводи од банка
  • Kнижење на извоз на стоки, увозни калкулации, трошковни фактури од добавувачи
  • Изработка и книжење на месечни, квартални и годишни одобренија за купувачите според договор, одобренија за навремено плаќање, акциски одобренија
  • Aжурирање на ценовникот според шифрите на материјалот и условите на купувачите
  • Одржување на матичните податоци за купувачите
  • Контрола, споредба и ажурирање на аналитичките картици за купувачи и добавувачи
  • Други работни задачи по налог на директорот на секторот за финансии

Личен профил:
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Прецизност и аналитичност во работењето 
  • Флексибилност, динамичност и иницијативност
  • Развиени комуникациски вештини
 
Работното време на оваа позиција е 8 часа дневно, со почеток од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава преку полето Брза Апликација.
Краен рок за пријавување е 30.11.2024 год.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор на селекција.
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ostalo iznosi 22.029 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje