Проект Менаџер - Машински Инженер
Скопје
Rok prijave:
- ЕЦОТИП
Ecotip е модерна приватна општествено одговорна компанија, лидер во неколку дејности во регионот.
Основни дејности се филтрација на воздух и течности, трансмисија и трансмисиони елементи, процесен инжинеринг и дистрибуција на материјали од нерѓосувачки челик и алуминиум, опрема за заштита при работа и трговија со масла и мазива и ги има прифатено сите принципи на современиот бизнис: Квалитет, Сигурност, Експедитивност, Едноставност. Темел на нашата програма е да бидеме Практични, Графички и Аналитички.
Поради проширување на тимот, објавува ОГЛАС за вработување на:
ПРОЕКТ МЕНАЏЕР - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Доколку сте машински инженер со искуство во продажба, комуникациски вештини и страст за водење проекти, оваа позиција е вистинска можност за вас! Ние бараме динамична личност која ќе биде дел од нашиот тим и ќе преземе улога како проектен менаџер, координатор и продажен претставник.
Потребни квалификации:
- ВСС – Машински факултет
- Работно искуство во продажба
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
- Солидно познавање на англиски јазик
Основни одговорности и задачи:
- Водење и координација на проекти и инсталации
- Управување со Кеу акаунти
- Директна комуникација со клиентите и одржување на одлични деловни односи
Потребни вештини:
- Одлични комуникациски вештини и способност за поврзување со различни луѓе
- Пристапна, социјална и екстровертна личност
- Страст, енергија и позитивен став
- Високо ниво на посветеност, професионализам и тимски дух
Како да аплицирате:
Вашата професионална биографија (CV), писмо за мотивација и препораки (доколку поседувате), испратете ги преку полето за Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата:
„Проект менаџер - машински инженер“
Придружете се на нашата компанија и станете дел од тим кој гради успешни приказни преку иновации и професионализам!
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!