Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Го координира изготвувањето на проектите и техничките документации за нови градежни инвестиции, контрола на изведбата, како и тековното градежно одржување на објектите и градежните простории,
- Го координира работењето на надворешните фирми кои изведуваат градежни работи во кругот на компанијата,
- Обезбедува сигурност и безбедност на просториите, инсталацијата и вработените. За своето работење одговара на Менаџерот за одржување. Работното време е од 08:00 – 16:00 ч. Компанијата обезбедува бенефиции, како платена исхрана, приватно здравствено осигурување и други поволности, како бонус за успешно работење.
Квалификации:
- Високо образование, VII степен (240 ЕКТС), Градежен факултет
- Искуство во релевантната област од најмалку 3 години
- Напредни компјутерски вештини
- Одлично познавање на англиски јазик
- Лиценца за надзор на активности ќе се смета за предност
Конкурентски предности:
- Високо ниво на интегритет и доверливост
- Способност за планирање и организација
- Способност за водење тимови и управување со проекти
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју