Vrabotuvanje.com - Сениор Бренд Менаџер - Скопје - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сениор Бренд Менаџер

Скопје

Rok prijave:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

 

Колид С Тим е една од најголемите дистрибутивни компании во Македонија. Од нашето основање во 1994, нашиот извонреден раст и успех ги градиме на четири клучни столба: професионален тим, континуирана инвестиција во клучните ресурси, визионерски поглед и стратегиски фокус на задоволството на клиентите. Нашите искусни тимови испорачуваат извонредна услуга пресретнувајќи ги најсложените барања на големите системи, синџирите на продавници и другите трговци на мало. Покрај дистрибуцијата, нашите операции вклучуваат и сопствени производствени капацитети за нашите брендови како и синџир на продавници за малопродажба, кои заедно вработуваат над 400 посветени професионалци. Познати сме по нашата посветеност на одржливост и општествена одговорност и активно ги поддржуваме иницијативите на локалната заедница. Со основните вредности на флексибилност, пристапност, чесност и доверливост, тимот на Колид С Тим се гордее со пријателска, одговорна работна средина каде што нашите компетентни вработени секогаш се подготвени да пружат исклучителна услуга.
 
Бараме високо квалификуван и мотивиран Сениор Бренд Менаџер да се приклучи на нашиот динамичен тим. Ако имате пасија за развој на големи брендови, водење на стратешки иницијативи и бизнис партнерство преку перспективата на брендовите на компанијата, би сакале да ве запознаеме.
  
СЕНИОР БРЕНД МЕНАЏЕР 

 
Работни задачи и одговорности:
  • Развој на бренд стратегии и следење на нивната имплементација на пазарот
  • Изработка и ефикасно менаџирање на буџетот за брендот
  • Креира, имплелементира и контролира годишни планови за брендот
  • Имплементира и следи  ефикасност на планирани маркетинг активности од страна на принципалот 
  • Договара активности за развој и проширување на портфолиото на принципалот
  • Ги следи трендовите на пазарот,  истражувања на потрошувачкиот пазар и активностите на конкурентите за да ги идентификува можностите и да одговори на клучните потреби
  • Менаџирање на нарачки, грижа за оптимални залихи на артикли 
  • Одржливост и високо ниво на препознатливост на брендот 
  • Калкулација на цени и оптимално ценовно позиционирање во соработка со Менаџер на дивизија
  • Поддршка на тимот за продажба при имплеметација на бренд стратегиите, ценовните стратегии и поставувањето на продажните таргети
  • Комуникација со маркетинг сектор врзано за планирани маркетинг активности со агенции и медиуми 
  • Изработка на извештаи за специфични потреби на продажба и маркетинг, а согласно стратешкиот план за развој на брендот. 
  • Изработка на месечни, квартални и годишни извештаи за маркетинг активности, ефекти и развој на брендот, профитабилност и сл.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Претходно работно искуство од мин. 3 години на иста или слична позиција во маркетинг или продажба (со фокус на развој на брендови од FMCG индустријата) 
  • Универзитетска диплома (во областа на Маркетинг, Економски науки и сл.)
  • Изразено високо ниво  на комуникациски вештини, преговарање и градење на однос со принципалите
  • Стратешко размислување, планирање, буџетирање
  • Организираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Финансиска писменост и анализа на профитабилност на бренд
  • Напредно познавање на на MS Office, со фокус на Excel и Power Point
  • Возачка дозвола Б – категорија
 
Колид С Тим ви нуди:
  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на опредлено време со можност за продолжување на неопределено време
  • Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
  • Усовршување преку структурирани обуки согласно потребите за развој на компетенции за наведената позиција

     
*Предвиденото работно време за оваа позиција е од 08.00 до 16.00 часот (од понеделник до петок)
 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Сениор Бренд Менаџер, најдоцна до 09.12.2024 год.
 
Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот. 
 
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија, да ги испратат своите апликации, бидејќи
Колид С Тим нуди неограничени можности за сите неограничени иновативни идеи насочени кон резултати. 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje