Комерцијалист/ка - Централна Македонија
Велес, Кавадарци, Неготино
Rok prijave:
- КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Колид С Тим е една од најголемите дистрибутивни компании во Македонија. Од нашето основање во 1994, нашиот извонреден раст и успех ги градиме на четири клучни столба: професионален тим, континуирана инвестиција во клучните ресурси, визионерски поглед и стратегиски фокус на задоволството на клиентите. Нашите искусни тимови испорачуваат извонредна услуга пресретнувајќи ги најсложените барања на големите системи, синџирите на продавници и другите трговци на мало. Покрај дистрибуцијата, нашите операции вклучуваат и сопствени производствени капацитети за нашите брендови како и синџир на продавници за малопродажба, кои заедно вработуваат над 400 посветени професионалци. Познати сме по нашата посветеност на одржливост и општествена одговорност и активно ги поддржуваме иницијативите на локалната заедница. Со основните вредности на флексибилност, пристапност, чесност и доверливост, тимот на Колид С Тим се гордее со пријателска, одговорна работна средина каде што нашите компетентни вработени секогаш се подготвени да пружат исклучителна услуга.
Бараме искусен и мотивиран Комерцијалист да се приклучи на нашиот динамичен тим. Ако имате пасија за продажба и динамична теренска работа, насоченост кон остварување на резултати, би сакале да ве запознаеме.
Комерцијалист/ка (реон Централна МК)
Позиција: Комерцијалист/ка за Дивизија Хемија Известува До: Менаџер на Дивизија Хемија
Реон: Централна Македонија (Велес, Кавадарци, Неготино)
Сектор: Продажба Тип на Работа: Полно работно време
Работни задачи:
- Извршува редовна посета на сите коминтенти со кои компанијата соработува во горенаведениот реон, со цел продажба на производи од портфолиото на Колид С Тим, согласно нивната распределба по дивизии.
- Посетата на локалите ја врши според претходно утврден и зададен рут план.
- Врши преглед на состојбата во продажното место (store and stock check)
- Врши презентација на иницијативи
- Води грижа и обезбедува оптимална залиха на производи кај коминтентите, минимизира и разрешува out of stock ситуации.
- Се грижи и обезбедува наплата од сите коминтенти на својот реон.
- Прави нарачки на производи преку таблет.
- Води и издава уредна финансиска документација за извршената продажба
- Работните задачи ги извршува во согласност со утврдените месечни планови и ги следи зададените таргети за продажба.
- Спроведува одредени мерчендајзинг активности, подредување на производите по стандарди, контролирање на нивните рокови (ФИФО модел), следење на залиха на производи кај коминтентите и магацините.
- Ги контролира продажните цени на производите во продажните места и имплементира договорени маркетинг активности (летоци, акции и сл.)
- Активно ја следи конкуренцијата и дава предлози за подобрување на пласманот на производи и нивните позиции, со цел зголемување на продажбата
- Изготвува понуди за веќе постоечките и за нови коминтенти.
- Дава предлози за унапредување на продажбата и укажува на можности за соработка со нови коминтенти.
- Води грижа и ги одржува во исправна состојба доверените средства за работа
Потребни квалификации и вештини:
- Место на живеење: Велес, Кавадарци или Неготино
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со коминтентите
- Професионално однесување
- Организираност и аналитичност
- Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
- Работа и познавање на MS Office пакет
- Возачка дозвола Б – категорија
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност.
Колид С Тим ви нуди:
- Работен ангажман на полно работно време
- Договор на опредлено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
- Основна плата + додатоци на плата согласно законските прописи, бонуси врз основ на реализација
- Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
- Пакет производи за празници
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Службено возило
*Предвиденото работно време за оваа позиција е од 08.00 до 16.00 часот (од понеделник до петок)
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject: Апликација за Комерцијалист/ка (реон Централна МК), најдоцна до 09.12.2024 год.
Напомена: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот.
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија, да ги испратат своите апликации, бидејќи
Колид С Тим нуди неограничени можности за сите неограничени иновативни идеи насочени кон резултати.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!