52 Concept Store е мултибренд продавница која во својот асортиман нуди брендови како Dsquared, Dolce Gabbana, Brunello Cucinelli, Isabel Marant, Giuseppe Zanotti, Le Silla. 52 Concept Store има потреба од вработување во својата продавница во Ramstore Mall на следната позиција:
АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА
Потребни квалификации:
- Претходно искуство во продажба,
- Основно познавање на англиски јазик,
- Познавање и искуство во работа со модни брендови ќе се смета за предност
- Љубезност и комуникативност
Работните задачи се состојат од:
- Препознавање на потребите на купувачите и советување согласно истите
- Унапредување на продажбата преку грижа за купувачите и презентирање на понудата во продавницата
Заинтересирани?
Компанијата нуди можност за професионално усовршување и можност за напредување.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените критериуми ве повикуваме да ја испратите Вашата биографија преку Брзата Апликација.