Vrabotuvanje.com - Менаџер на правна служба - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Менаџер на правна служба

Скопје

Rok prijave:

Ние во Алма-М веќе 33-та година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

АЛМА - М
Објавува оглас за следната работна позиција

МЕНАЏЕР НА ПРАВНА СЛУЖБА

 

Датум на објава: 10 Декември 2024
Рок за пријавување до: 23 Декември 2024
Број на оглас: О-241210-ОР-МПС
Сектор: Општи работи
Регион: СКОПЈЕ
 
 
Работни задачи:
  • Прати и применува закони и прописи од делокругот на работа на Друштвото, дава стручна помош, следи правилници,
  • Одговара за правилност, благовременост и законитост во работа на Друштвото во својот домен на работа,
  • Спроведува одлуки на Друштвото,
  • Започнува иницијативи за усогласување и изработка на акти и материјали на Друштвото,
  • Составува акти во сите судски постапки и постапки пред надлежен нотар и извршител,
  • Го застапува Друштвото пред судови и други органи во границите на добиени овластувања,
  • Изготвува договори поврзани со работа на Друштвото и/или потврдува дека тие се во согласност со прописи, 
  • Изготвува одлуки, ургенции, опомени и тужби при наплата на побарувања, контактира должници и активно учествува во наплатата
  • Проверки во службен весник и централен регистар, за стечаи и ликвидации на фирми, известување за истото, евидентира постапки за ликвидација, пријавува долг во централен регистар и кај коминтенти,
  • Учествува во дисциплински постапки,
  • Врши и други работи по налог на Управителот од домен на правни работи.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено високо образование - Правен факултет,
  • Положен правосуден испит,
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office),
  • Познавање на Англиски јазик,
  • Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,
  • Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,
  • Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера, 
  • Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови,
  • Способност за тимска и индивидуална работа,
  • Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,
  • Поседување на висок интегритет и лојалност,
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност,
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,
  • Позитивен однос кон промени.
 
Потребно искуство:
  • Потребно e претходно работно искуство од минимум 2 години на иста или слична позиција. 
 
Работни услови:
  • Работното место се заснова на неопределено време (со пробен период од 3 месеци за докажување на способности,  со можност за продолжување).
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок

.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje