Како една од најголемите приватни компании во Индијана, САД – Теламон индустриски решенија обезбедува производствени услуги за клиенти од автомобилската индустрија.
Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект, а гранката индустриски решенија го отелотворува ова верување до самата срж.
Затоа, за поддршка на нашата фабрика во Скопје, бараме планер на производство/материјали кој ќе му се приклучи на тимот логистика во исполнување на нашите цели.
Ова лице ги поддржува производните активности, вклучувајќи распоред на производството, разгледување на барањата на клиентите и достапност на материјалите, нивна набавка во сериско производство, водење на евиденција за испорака и тековното производство и интерна комуникација во врска со производствените прашања.
- Креира распоред за производство и врши промени кога е потребно за да ја оптимизира ефикасноста на производството.
- Креира нови или ги менува постоечките порачки во ЕРП системот за испраќање на нарачките, или зголемување/намалување на барање со цел навремена достава на матерјали.
- Изработува налози за набавка врз основа на добиените планови за производство и барања на клиент.
- Изработува анализа и комуницира со добавучи за рокови на испорака согласно потребите на производство и барањата на купувачите.
- Процесната испорака вклучува изработка на фактури, порачки кон добавувачи итн.
- Врши проверка на залихите на готов производи и матерјали, за да утврди каков е прогресот во работните налози, и се грижи за обезбедување на оптимално ниво на залихи.
- Следи и одржува точна залиха на готови производи и матерјали.
- Известува за кусок на материјали.
- Помага при испраќањето на производи за да одговори на барањата на клиентите.
- Лице за контакт за набавка на матерјали за сериско производство.
- Соработува со лицата за испорака за да разреши некои прашања за тековни или минати испораки, како и соработува со добавувачите за слични проблеми.
- Помага во решавањето на проблеми поврзани со варијации во испораката од страна на клиентите.
- Способност за работа во динамична средина.
- Способност за самомотивирање и тимски играч.
- Напредно користење на MS Office.
- Способност за изработка на извештаи и коресподенција.
- Способност за решавање проблеми и способност за управување со различни стандардни ситуации.
- Идентификување на сложени проблеми и податоци за развој, евалуација и имплементација на решенија.
- Познавање на IATF 16949 стандарди
- Познавање од областа на практиките за lean производство како на пр. JIT, Kanban, Takt time.
- Способност за вршење аналитички активности.
- Диплома за завршено високо образование.
- 1-2 години искуство во производствена средина.
- Познавање англиски јазик – говорење и пишување.
- Високо ценета позиција и можност за раст;
- Искуство со работа во меѓународна компанија со седиште во САД;
- Конкурентен финансиски пакет;
- Флексибилно работно време во рамки на внатрешни правила;
Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани во строга доверливост.Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.