Vrabotuvanje.com - Квалификувано лице - Росоман - Синцеритас АД Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Квалификувано лице

Росоман

Rok prijave:

  • Синцеритас АД Скопје
  • Adresa: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје

Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД

Квалификувано лице

Квалификуваното лице ја има една од клучните улоги во обезбедување на контрола на лековите. Успешниот кандидат има обемно искуство и длабоко разбирање на фармацевтската индустрија за да може да одговори на законската одговорност да ги сертифицира сериите на лекови пред пуштање во промет. Ова е познато како "пуштање серија во промет" и се однесува на пуштање лекови што ќе се користат во клинички испитувања или ослободување на серија на лек да биде ставена на пазарот.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Темелно разбирање на системите за управување со квалитет и професионалните должности на QP во фармацевтска индустрија и фармацевтското право
  • Техничко фармацевтско знаење или медицинско хемиско знаење 
  • Детално разбирање на синџирот на производство и снабдување во фармацевтската индустрија
  • Одговорен за сертификација на производи за лекови од страна на QP
  • Контакт лице за прашања поврзани со сертификација од страна на QP и пуштање на серија во промет
  • Спроведува и завршува обврски во согласност со GMP стандардите и со сите релевантни закони, барања за корпоративно управување (вклучувајќи известувања), политики, процедури и насоки, и потврдува дека производите и процесите се целосно во согласност со поднесените регулаторни досиеја за производите.
  • Активно учествува во подготовка за ГМП инспекции и останати ревизии;
  • Активно работи во имплементација на ИСО 17025;
  • Активно работи во Интегрираниот софтвер (ИРП);
  • Обезбедува задолжителна почетна и континуирана обука на персоналот во својот оддел, која се спроведува и е прилагодена согласно потребите на одделот;
  • Обезбедува квалификација и одржување на својот оддел, просториите и опремата;
  • Обезбедува извршување на сите валидации;
  • Обезбедува спроведување на сите неопходни тестови и оценка на добиените резултати;
  • Ги одобрува или отфрла, согласно сопственото стручно мислење влезните материјали и материјалите за пакување полупроизводите, булк пакувањата и готовите производи;
  • Ги одобрува и надгледува вработените;
  • Ги одобрува спецификациите, инструкциите за семплирање, методите на тестирање и останатите процедури за контрола на квалитет;
  • Евалуација на целосно производствено и аналитичко досие.
  • Други одговорности поврзани со вештините и квалификациите на кандидатот, релевантни за позицијата
     

​ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:

  • Факултетска диплома по фармација и специјализација по контрола на лекови или специјализација по фармацевтска технологија. 
  • Најмалку 5 години искуство во фармацевтско производство или во улога на QA (осигурување) или QC (контрола на квалитет).
  • Детално разбирање на процедури за контрола и осигурување на квалитет и релевантни регулаторни стандарди. 
  • Пожелно е најмалку 5 години искуство на раководна позиција.
  • Одлични лидерски способности
  • Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на. 
  • Опширно искуство во спроведување и одржување на системи и програми за управување со квалитет. (GMP, ISO)
  • Добро познавање на англиски јазик
  • ​​Возачка дозвола Б - категорија.

Работно време и место каде се извршува работата: Фабрика за производство Росоман

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje