Лаборант во лабораторија по микробилогија
Росоман
Rok prijave:
- Синцеритас АД Скопје
- Adresa: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје
Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.
сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД
ЛАБОРАНТ во лабораторија по микробилогија
ОДГОВОРНОСТИ:
- Имплеметирање, контрола и техничко надгледување на микробиолошките методи во Одделот за Контрола на квалитет (ОКК);
- Изведба на различни микробиолошки тестирања и анализи;
- Воспоставување кориснички барања за купување и квалификација на опремата во ОКК, и работа со внатрешни и надворешни ресурси за нејзино одржување во оптимална состојба;
- Развивање, ревидирање и прегледување на процедурите за стандардизација на процесите, квалификација/валидација на протоколи и извештаи;
- Спроведување истражувања во однос на резултатите од спецификациите, адресирање и менаџирање на девијациите поврзани со микро-процедурите;
- Надгледување на моментално воспоставените GMP-системи со цел осигурување на нивната усогласеност со политиките за документирање;
- Прегледување и предлагање промени во системите, процедурите, методите и поднесоците во однос на микробиолошките процеси, како што би било соодветно;
- Прибирање мерни податоци за употреба при постојано подобрување на одговорностите;
- Обучување на персоналот за технички концепти и методи;
- Прегледување на лабораториски податоци;
- Изведување други одговорности по нивно поставување, а во согласност со квалификациите на вработеното лице.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:
- Образование: во 4-та година на студии на Природно математички факултет – смер биологија или смер биохемија и физиологија;
- Способност за комуникација и независно работење со научниот/техничкиот персонал;
- Удобност при работење во динамична средина со минимално насочување, и способност за прилагодување на работните задачи врз основа на променливи приоритети;
- Само-мотивирана личност, ориентирана кон детали и со желба за прифаќање одговорности надвор од првичниот опис на работната позиција;
- Способност за критичко размислување, и демонстрирање вештини за решавање проблеми;
- Одлични меѓучовечки, вербални и пишани комуникациски вештини;
- Добро познавање на пишан и зборуван англиски јазик;
- Познавање на Microsoft Office пакетот;
- Возачка дозвола Б - категорија.
Работно време и место каде се извршува работата: Фабрика за производство Росоман
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Farmaceutika i biotehnologija iznosi 36.814 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!