Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг.
Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.
Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.
Моментално имаме потреба од
МЕРЧЕНДАЈЗЕР
Реон - Скопје и штип
Главни задачи и одговорности:
- Редовна посета на продажните места во определениот реон;
- Поставување и одржување на промотивни материјали и дисплеи;
- Обезбедување соодветно позиционирање на производите на полиците;
- Следење и анализа на залихите, продажбата и состојбата на пазарот;
- Комуникација со продажниот тим и клиенти за подобрување на продажните активности.
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Претходно работно искуство во мерчендајзинг или слична област е предност;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Вештини за работа во динамично и брзо променливо опкружување;
- Поседување на возачка дозвола - категорија Б.
Нудиме:
- Договор за вработување со конкурентна плата;
- Можност за професионален развој и обука
- Пријатна и динамична работна средина.
Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.