Vrabotuvanje.com - Маркетинг Менаџер во казино Луксор - Скопје - АПЕКС МК ДОО Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Маркетинг Менаџер во казино Луксор

Скопје

Rok prijave:

  • АПЕКС МК ДОО Скопје
  • Adresa: Прашка бр.23, 1020 Скопје
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
 

Резиме на работно место:

  • Маркетинг менаџерот за казино е одговорен за сите маркетинг активности поврзани со игрите на маса во живо, автоматите и забавните понуди во казиното. Оваа динамична улога комбинира стратешко планирање, анализа на податоци и креативна реализација со цел за да привлече нови и да ги подобри искуствата на гостите и да се остварат целите на компанијата. Позицијата вклучува и соработка со различни тимови за да се обезбеди интегрирано спроведување на маркетинг иницијативите низ сите области на игри и забава.
Вашата улога:
  • Бараме иновативен маркетинг менаџер за казино, кој ќе ја поттикне кај гостите атрактивноста на понудата на игри на маса, слотови и забава. Во оваа улога, ќе креирате и спроведувате маркетинг стратегии, ќе анализирате индикатори за перформанси и ќе работите блиску со различни тимови за да го унапредите нашиот бренд и да ги постигнеме зацртаните цели на компанијата.
Клучни одговорности:
  • Развивање целни маркетинг кампањи за игри на маса, слотови и забава.
  • Соработка со тимовите за развој на програми за лојалност за високо вредни играчи.
  • Промоција на концерти, настани и претстави за зголемување на посетеноста и ангажманот.
  • Анализа на податоци и известување за перформансите на кампањите за оптимизирање на стратегии.
  • Соработка со одделите за создавање беспрекорни искуства за гостите.
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

Стратешки маркетинг

  • Развивање и имплементација на целни маркетинг стратегии за игри на маса во живо, автомати и забавни настани со цел максимизирање на учеството и резултатите.
  • Креирање и управување со интегрирани маркетинг кампањи кои ги истакнуваат уникатните понуди на казиното.

Програми за развој на играчи

  • Соработка со тимовите за развој на играчи и CRM (Customer Relationship Management) за одржување на квалитетот на севис и привлекување нови гости и задржување на постоечките. 
  • Дизајн и извршување на програми за лојалност и промоции за зголемување на фреквенцијата на посетители.

Промоции за забава

  • Соработка со тимовите, надворешни соработници за маркетинг на музички настани, претстави и настани за различна публика.
  • Координирање на вкрстени промоции помеѓу игрите и забавата за максимизирање на учеството на гостите.

Анализа на податоци и известување

  • Анализа на податоци и перформансите на игрите за информирање на маркетинг стратегиите и оптимизирање на ROI.
  • Следење на перформансите на кампањите и редовно известување до менаџментот. Соработка и управување со тимот
  • Блиска работа со останатите сектори за операции, храна и пијалоци и забава за усогласување на маркетинг активностите со целите на казиното.
  • Управување со односи со надворешните соработници за ефективно извршување на кампањите.

Управување со буџет и усогласеност

  • Надзор на маркетинг буџетот и трошоците, обезбедувајќи ефикасно распределување на ресурсите.
  • Осигурување дека сите маркетинг активности се усогласени со процедурите за игри на среќа и маркетинг стандардите.​
Квалификации:

Потребни:

  • Образование: Диплома од факултет за маркетинг, бизнис или слична област.
  • Искуство: Минимум 5 години искуство во казино маркетинг, со искуство во игри на маса, автомати и забава.

Вештини:

  • Познавање на алатки за анализа на податоци и CRM платформи.
  • Познавање на CMS Казино Менаџмент системи и KPI од индустријата
  • Силни лидерски, комуникациски и организациски вештини.
  • Докажана способност за управување со повеќе проекти и исполнување на рокови.

Посакувани:

  • Искуство во маркетинг на настани и програми за лојалност на играчи.
  • Познавање за регионалните пазари за игри и трендови.
  • Познавање на повеќе јазици е предност
 

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Turizam i ugostiteljstvo iznosi 20.094 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje