Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Од 2020 година ја отвара својата онлајн продавница со повеќе од 200 производи кои се дистрибуираат низ цела Македонија за крајните купувачи.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Gemak Trade на следната работна позиција:
СУПЕРВИЗОР за ЛКА и ТТ
(Градови: Скопје, Тетово и Гостивар)
Главни одговорности:
- Развивање и имплементирање на стратегии за продажба за регионот
- Менаџирање и координација на тимот на продажни претставници
- Следење и анализа на перформансите на тимот и преземање активности за подобрување
- Градење и одржување на одлични релации со постојни и нови клиенти
- Следење на трендовите на пазарот и препознавање на можности за развој
- Гарантирање на остварување на зададените продажни цели
- Одговорност за наплата на долгувањата
Потребни квалификации:
- Образование: ССС (ВСС ќе се смета за предност)
- Компјутерска писменост: алатки MS office
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Искуство: минимум 3 години на слична работна позиција
- Возачка дозвола – Б категорија
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај.