Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Технолог

Скопје

Rok prijave:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 
 
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
 
Технолог
 
 
Опис на работното место:
  • Тестирање во пракса и изработка на нормативи
  • Контрола на вработените, дали работат по зададениот норматив, дали се придржуваат кон зададените правила и процедури. 
  • Корекција на нормативи практично
  • Стандаридизрање на процеси и постапки и пропишување на истите
  • Изработка на протоколи упатсва форми за евалуација за процеси и продукти 
  • Развој на нови производи
  • Изработка на декларации при развој на нови производи
  • Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите во Друштвото согласно законската регулатива; 
  • Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите; 
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата (НАССР записи);
  • Задолжен/а за развивање и одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитетот со воспоставување и одржување на целокупната потребна документација;
  • Го одржува HACCP во Друштвото преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи;
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси; 
  • Одговорен за одржување на контролата на квалитет на производите во текот на производството; 
  • Ги контролира постапките при испорака на готов производ; 
  • Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена;
  • Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки); 
  • Дава дневни, неделни и месечни извештаи за сработеното на претпоставениот
 
Работни одговорности:
  • Се придржува ко  актите на работодавачот за обозбедување на тајност и заштита на личните податоци
  • Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот на однесвање и сите интерни правилници и политики на друштвото
  • Го почитува работниот распоред
  • Ги подобрува вештините и квалификациите преку искуство на организирани обуки од друштвото
  • Деловната комуникација ја води културно и етички во согласност со кодексот на однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото
  • Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури
  • Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремено внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата
  • Ја почитува работната дисциплина
  • Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
  • Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење
  • Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и праваната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование - дипломиран инженер прехранбен технолог или дипломиран инженер агроном
  • Претходно работно искуство минимум 2 години во прехранбена индустрија
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на англиски јазик 
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Високи комуникациски способности
 
Личен профил:
  • Навремено исполнување на работните задачи со испорачување на квалитетни резултати
  • Амбициозна Организирана, одлучна и одговорна личност
  • Способност за водење на тим и развиена професионална  комуникација
  • Лојалност, иницијативност, темелност и  енергичност
  • Самоиницијативност и капаците за напредок и развој 
  • Способност за работа во динамична средина
 
Што нудиме ние: 
  • Пријатна работна средина со многу предизвици
  • Конкурентна плата
  • Исплата на регрес
  • Тимска работа
  • Кариерен развој и мотивација
  • Обуки за развој
  • Континуиран фидбек од работата
     
 
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje