Менаџер за клучни корисници
Тетово и Гостивар
Rok prijave:
- Македонски Телеком АД-Скопје
Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Менаџер за клучни корисници (Тетово и Гостивар)
- Редовна посета и презентирање на портфолиото на услугите на компанијата на нашите постоечки и потенцијални корисници
- Продажба, задржување и зголемување на корисничкото задоволство
- Следење на доставените понуди, преговарање и склучување формални договори со корисниците
- Анализа на информации поврзани со корисничкото задоволство за зголемување на ефикасноста
- Подготвување извештаи за корисниците со цел зголемување на продажбата
- Идентификување нови потенцијални продажни активности кај корисниците
- Координација со останатите организациски единици за навремено реализирање на понуди, договори и решенија
- Давање насоки за носење одлуки при преговори за цени, договори, поволности и специфични продукти
- Подготовка на предлог-одлуки за барања за понуди/тендери, вклучувајќи ценовна матрица, стандарди и услови за корисниците
- Идентификување постојни и нови корисници со потенцијал за продажба на ICT или Cloud решенија
Потребни квалификации:
- Диплома од Факултет од областа на Електротехника , Компјутерски науки, Економија и слични области
- Минимум 1-3 години релевантно работно искуство
- Познавање на Албански јазик
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски, преговарачки и презентациски вештини
- Способност за донесување одлуки и стратешко размислување
- Искуство во водење на проекти согласно agile методологијата
- Корисничка ориентираност
- Иновативност и способност за воочување на нови можности
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички вештини
- Вљубеник во технологијата
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
- Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате:
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!