Vrabotuvanje.com - Личен асистент на генерален директор - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Личен асистент на генерален директор

Скопје

Rok prijave:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС;
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Одличнo познавање во областа на административно работење;
  • Активно познавање и користење на англиски јазик;
  • Одлични организациони и комуникациски вештини;

Потребни вештини:

  • Комплетна организација на работната агенда на Генералниот Директор - закажување и организирање на состаноци и настани, водење евиденција, запазување на рокови;
  • Пишување, составување и подготвување извештаи, текстови, презентации и преписки;
  • Предлагање на концепти на одлуки и други прописи за уредување на односи, состојби и прашања, иницирање на решенија за одредени проблеми;
  • Одговорност за навремено, законито, ефикасно и квалитетно подготвување и извршување на планот за работа на Генералниот Директор и ефикасното и ефективното организирање и реализација на работите;
  • Организација и остварување на соработка со други органи при вршењето на работите;
  • Ја следи работата на сите нивоа и доставува извештаи до Генералниот Директор;
  • Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
  • Подготвеност за работа во дадени рокови;
  • Професионален однос кон работата;
  • Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.

Компанијата нуди:

  • Работа во компанија со изграден имиџ;
  • Стабилност и можност за личен развој;
  • Градење успешна кариера;
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • Плата по договор.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje