Vrabotuvanje.com - Специјалист за дигитален маркетинг - Скопје - ЕЛЕНА ЛУКА
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Специјалист за дигитален маркетинг

Скопје

Rok prijave:

  • ЕЛЕНА ЛУКА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Потребни квалификации:

  • ВСС - Универзитетска диплома од областа на маркетинг или бизнис ќе се смета за предност;
  • Минимум 3 години искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Одличнo познавање во областа на дигиталниот маркетинг;
  • Активно познавање и користење на англиски јазик;
  • Одлични организациони, аналитички и комуникациски вештини;

Потребни вештини:

  • Одлично познавање на функционалностите на Shopify (организирање на интерфејс, внесување на артикли, менаџмент на залихи, ценовен менаџмент);
  • Желба за пишување во областа на модата;
  • Креирање и инплементација на краткорочни и долгорочни маркетинг стратегии наменети за дигитални медиуми;
  • Предлагање и инплементација на методи на директен маркетинг за зголемување на профитабилноста;
  • Одлично познавање на Facebook Business Suite и Facebook Business Manager;
  • Одлично познавање на Pixel;
  • Поставување на платени реклами за дигитални медиуми, како и следење и анализа на метриките;
  • Креирање на содржини за дигитални медиуми (статични објави, Facebook и Instagram Reels, Tik Tok видеа);
  • Постојано следење на новитетите и трендовите на дигиталните платформи;
  • Високи естетски критериуми;
  • Способност за индивидуална и тимска работа во динамична работна атмосфера;
  • Предлагање и иницирање нови идеи и активност;
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти;
  • Подготвеност за работа во дадени рокови;
  • Професионален однос кон работата;
  • Посветеност, темелност, лојалност и одговорност.

Компанијата нуди:

  • Работа во компанија со изграден имиџ;
  • Стабилност и можност за личен развој;
  • Градење успешна кариера;
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа;
  • Плата по договор.

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.

Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации кандидатите можат да го контактираат секторот за човечки ресурси на моб. 070/406-600.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Marketing, PR i mediji iznosi 28.527 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje