Vrabotuvanje.com - Машински инженер - Скопје - ВИТЕК ДОО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Машински инженер

Скопје

Rok prijave:

  • ВИТЕК ДОО

 

 

ВИТЕК ДОО
Друштво за производство на хидраулична опрема и услуги со седиште во Скопје, има потреба од вработување на:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР


Потребни квалификации:

  • ВСС - машински факултет
  • Претходно работно искуство во производство
  • Пожелно е познавање на ISO стандардизација и изработка на други работни процедури
  • Одлично познавање на работа со компјутер
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа во три смени
  • Б категорија и сопствено возило

Личен профил:

  • Способност за менаџирање со луѓе
  • Позитивен став и енергичност
  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок
  • Професионален однос кон работата
  • Одговорност и способност за организацијата

Должности и одговорности:

Одговорен за оперативните резултати:

  • квалитет на производ во процес и готов производ;
  • количество на готов производ превземено во/од магацин;
  • отпад во различни производствени операции и во внатрешното движење на производствената единица;
  • управување со потрошувачката на суровини и материјали, како и опрема на производствената единица;
  • активности во контекст на подобрување на квалитетот и квантитетот на производството;
  • следење на дневно планирање на производството за секој оддел во производството.

Одговорен за управување со човечки ресурси

  • организација и издавање на распоред за работа на вработените за кои е задолжен;
  • управување со присуство на вработените за кои е задолжен, како и празници и отсуства (за боледување и инциденти);
  • управување со операторите на машина во поглед на нивно почитување на безбедносните правила и употреба на превентивна и заштитна опрема и алати;
  • обука и професионално надоградување на работниците.

Одговорен за следење и извршување на стандардите

  • во однос на чистење и нарачки на работната единица;
  • во однос на процедурите за промена на смената;
  • во однос на исполнувањето и објавувањето на параметрите на процесот и контролата на производот за секоја машина/линија;
  • следење на надворешните работници или посетители на работната единица (гости и/или надворешни компании);
  • континуирано подобрување на ланчаното производство
  • утврдување на стадандарди и подобрување на постоечките во однос на решавање проблеми во производствениот процес

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата со надоместоци согласно закон
  • Обезбедена храна на работното место
  • Надомест за превоз
  • Колективно осигурување
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно законот

Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV преку полето "Брза Апликација"

Напомена:

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации се третираат со строга доверливост.

Самото аплицирање на огласот се смета како дејствие со кое кандидатот се согласува дека неговите лични податоци наведени во апликацијата можат да бидат чувани во базата на податоци од страна на Витек ДОО и истите може да бидат обработувани во рок од 6 месеци од денот на истекот на рокот за избор.

Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обраќање на е-пошта: r.nikolovska@mk.vitillo.eu . ”

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Strojarstvo i brodogradnja iznosi 26.404 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje