Vrabotuvanje.com - Сметководител - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сметководител

Прилеп

Rok prijave:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Основни одговорности и задачи:

  • Тековно книжење на изводи (денарски и девизни), фактури-домашни (влезни и излезни), увозни/извозни царински декларации, материјални документи, итн
  • Евиденција на основни средства и пресметка на амортизација
  • Подготовка и поднесување на статистички извештаи
  • Учество во подготовка на годишна сметка, даночни пријави и други финансиски извештаи
  • Помош околу подготовка на документација за презентирање пред даночни и други овластени органи
  • Подготовка на даночни биланси во законски пропишани рокови
  • Подготовка на финансиски извештаи (менаџерски и законски)
  • Комуникација и координација со финансиски институции и добавувачи (домашни и странски)
  • Следење на актуелната сметководствена регулатива и сметководствени стандарди
  • Други сродни задачи

Квалификации и компетенции:

  • Високо образование, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
  • Уверение за сметководител и претходно соодветно работно исксутво
  • Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен
  • Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа
  • Позитивен пристап
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Организиран превоз и храна
  • Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти

Отворената работна позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.

Рокот за пријавување е до 19.01.2025.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje